БУБАМАРА ВO ЖИВО

   Во почетоците на транзицијата мрачните сили на олигархијата, во 1994 година го формираа РАДИО БУБАМАРА, кое имаше за цел со својата програма да ја затруе прогресивната работничка класа нудејќи им забава, деноноќно слушање радио, политички говори и препишани програми.
Големата популарност на радиото на многу невработени им ја олесни можноста да не одат на работа, да не се надеваат на работен стаж, синдикат и плата. Во изминативе 10 години РАДИО БУБАМАРА ја постигна својата цел и ја доби посакуваната таргет група од 400 000 невработени, 80 000 акционери, 100 богати политичари и 7000 Mакедонци со бугарски пасош.

како го направија тоа...повеќе

 
 ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА - МЕЛЕМ ЗА ДУША

ОДОБРЕНО ОД ВЛАДАТА, ПРИФАТЕНО ОД ОПОЗИЦИЈАТА , А ЗА МЕРАК НА НАРОДОТ

Најгледаниот и најпосакуваниот медиумско музички културен настан Златна бубамара на популарноста се очекува со нетрпение и за оваа година е закажан на 21.февруари во Универзална сала.
Манифестацијата која на свој начин го обединува , целиот интелектуален, политички , бизнис и културен свет се подготвува во весела атмосфера во штабот на популарното скопско Радио бубамара.
Оваа година бубамарковци во свој препознатлив сатиричен стил истакнуваат дека пред сите ќе даваат отчет за сработеното и дека овогодишното сценарио, кое како и секогаш се чува во најстрога тајност е полно со аплаузи и незаборовни рефрени, за избистрување на мислата, просветлување на духот и облагодорување на душата.
На 21.февруари ќе бидат наградени најпопуларните личности и институции од областа на културата , естрадата , медиумите, маркетнигот и спортот од Македонија и Балканот , а ќе продолжи и традицијата со доделување награда до нејзаслужните опшествено одговорни компании. До тогаш останува да се потсетиме на сите незаборавни моменти од манифестацијата која го носи епитетот за најпрестижна награда и најзабавна на Балканот.

Снимката ќе се емитува на Канал 5 во сабота од 20 часот.

 Јубилејната Бубамара со љубов и смеа ни го продолжи животот

Единствената македонска манифестација “Златна бубамара на популарноста“ пред преполната Универзална сала вчеравечер достоинствено го оправда својот 15 јубилеј. Со интересната сценографија во вид на “Гоцевата тераса“, сала преполна со познати личности од пејачи, актери па се’ до политичари, “Златна бубамара“ уште еднаш докажа дека никогаш нема да има конкуренција во Македонија.

ПОВЕЌЕ >>

Се тресеа вилици, позеленеа споменици

Според забавата што ја нуди „Златна бубамара“ уште еднаш покажа дека е големо шоу, со многу учесници, музика и хумор со кој „диригира“ маестралниот Сашко Коцев. Според концептот и целта на „штабот на Бубамара“, пак, кој секогаш се крие од очите на јавноста и „работи кога сите спијат“, манифестацијата треба да биде опуштена, публиката да се смее на секои четири минути и да аплаудира на секои 300 секунди. повеќе



 

УШТЕ ЕДНА ВЕСЕЛА ЗЛАТНА БУБАМАРА

Златна Бубамара на популарноста оваа година се претвори во стен ап комеди шоу на Сашко Коцев. И тоа на големо задоволство на публиката во Универзалната сала. Завчера, "Златна Бубамара" се одржа по 14-ти пат. На мажите, Сашко им ги затегна стомачните мускули од смеење, а на жените кои се смееа до солзи им ја размачка шминката. До толку беше добар. "Водете љубов, а не политика", беше темата на годинешнава "Бубамара".
повеќе

 

име  коментар  
 Copyright © 2008 radio Bubamara  | dsgn by flash.net.mk