Едно име имаме со Калиопи и Гарабет Тавитјан
 Да потсетиме, по четврточното издание на 11-та Златна Бубамара весниците беа децидни дека најмоќната изведба во живо, и вокално и сценски ја добивме од Калиопи, која заедно со најдобриот тапанар Гаро Тавитјан ја изведе Едно име имаме од Јонче Христовски. Настапот на Калиопи и Гаро беше испланиран до совршенство, а сепак многу спонтан. Калиопи уште еднаш докажа дека е неприкосновена кралица на домашната музичка сцена. Таа се облече во црвено-жолт фустан со национални мотиви, ни го покажа знамето на видео бим зад неа, и порача: Вечерва пеам во името на цел македонски народ, за нас има само едно име - моја Македонија...

Поради големиот интерес за песната, можете да ја симнете од нашиот сајт бесплатно...
Калиопи и Гарабет Тавитјан - Едно име имаме

 
 
 
 Copyright © 2008 radio Bubamara  | dsgn by flash.net.mk