| НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ЗОРАН ГЕОРГИЕВ ПЕАЧОТ НА ЕДЕН БАКНЕЖ |
Академијата на најпопуларната манифестацијата ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА оваа година наградата за животно дело ќе му ја додели на легендата на македонската забавна песна ЗОРАН ГЕОРГИЕВ - наградата се поклопува со јубилејот 50 години од изведбата на песната ЕДЕН БАКНЕЖ која беше отпеана во алтернација со НИНА СПИРОВА на фестивалот во ОПАТИЈА 1962 година.
Златна бубамара со својата традиција и забавен карактер, се етаблира за најзначајна награда во нашата земја, оваа година го прославува 15 годишниот јубилеј и ќе се оддржи на 23.февруари 2012 во Универзалната Сала.
Жива легенда на македонската забавна песна, долги години живее во Белград.
50 години од настапот на Опатија 1962 и изведбата на Еден бакнеж која ја пее
во алтернација со Нина Спирова. Отпеал рефрени од сите врвни македонски
автори од тоа време, а незаборавни се неговите Еден бакнеж, Љуби ме љуби
Мирјанка, Последен ден на разделбата и многу други. Многумина ги паметат
и неговите касети со обработки на македонските народни бисери.
|
|
Се тресеа вилици, позеленеа споменици
Според забавата што ја нуди „Златна бубамара“ уште еднаш покажа дека е големо шоу, со многу учесници, музика и хумор со кој „диригира“ маестралниот Сашко Коцев. Според концептот и целта на „штабот на Бубамара“, пак, кој секогаш се крие од очите на јавноста и „работи кога сите спијат“, манифестацијата треба да биде опуштена, публиката да се смее на секои четири минути и да аплаудира на секои 300 секунди. повеќе
|
|
|
|
|
|
УШТЕ ЕДНА ВЕСЕЛА ЗЛАТНА БУБАМАРА
Златна Бубамара на популарноста оваа година се претвори во стен ап комеди шоу на Сашко Коцев. И тоа на големо задоволство на публиката во Универзалната сала. Завчера, "Златна Бубамара" се одржа по 14-ти пат. На мажите, Сашко им ги затегна стомачните мускули од смеење, а на жените кои се смееа до солзи им ја размачка шминката. До толку беше добар. "Водете љубов, а не политика", беше темата на годинешнава "Бубамара".
повеќе
 |
|
| |
|