Додека на секој сајт за РАДИО ИЛИ ТВ  ќе прочитате дека тие се најдобрите, најслушаните и дека ги покриваат најпосакуваните целни групи, ние ќе се правиме будали или скромни па ке кажеме дека Радио Бубамара, е нај слушаното радио во Македонија, а неговата популарност не можат да ја измерат ниту најдобрите пипл метри, истражувачки агенции ни Државниот завод за статистика.
    Скоро во секоја анкета Радио Бубамара ги добива најдобрите резултати за огромниот број слушатели, па некој добронамерници не нé eтикетираат, затоа што многу добро ги потплаќаме истражувачките агенции кои можеби се во наша скриена сопственост.
    Како што е прикажано на графиконот, многубројната публика на Радио Бубамара, агенциите за истражување на пазарот, почнаа Бубамара да ја ставаат заедно со најголемите ТВ станици во Европа и Западен Балкан, а и меѓу нив Радио Бубамара добро се држи.

       Рекламните блокови се најдобрите програмски појаси на Радио Бубамара, кои публиката  со нетрпение ги очекува. Армијата невработни економисти, машински инженери и поранешни политички активисти, со нетрпение ги очекуваат рекламните пораки со убави и милозвучни гласови.
     Тие скоро секогаш го поттикнуваат интересот на најмладата популација-децата  да купуваат или крадат производи кои нивните родители не можат да им ги купат. Слоганите од типот "и ти си дете, треба да бидеш облечен во најдобриот бренд", "добро е да седиш во соба кога твоите родители ја пушат третата кутија цигари", "квалитетен витамински сок за само 15 ден за деца", "лошите вести се најдобри вести", "Татко ти не е крадец, ни спикер затоа го нема на ТВ, затоа лажи, кради и биди на ТВ..." - се само дел од слоганите во рекламните блокови на Радио Бубамарa.
   За жал, без врски нема да можете да се рекламирате на  Радио Бубамара, креативните и духовити луѓе веќе го направиле тоа и го закупиле целиот простор за реклама - како Владата што го закупи целиот простор на CNN и сите странски медиуми за кампањата "ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И НАС".

Радио Бубамара го слушаат сите освен Премиерот, Претседателот и министрите
    - АКО ГО СЛУШАА НЕМАШЕ ДА ДОЈДЕМЕ ДО ОВДЕ КАЈ ШТО СМЕ ДЕНЕС.

 
 
 ЦЕНОВНИК

 
Емитување на Рекламен спот: 1 секунда / 30 денари
Емитување на Рекламен спот: до 15 секунди / 450 денари

 

 

 

AUDIO DESIGN
OMILENO.mp3
260KB
TONI ZEN.mp3
620KB
ЛОГО НА РАДИО БУБАМАРА
40KB
5KB
90KB
МЕСЕЧНО РЕКЛАМИРАЊЕ
30 дена * 5 емитувања дневно до 15 секунди 67.500 денари
СПОНЗОР НА ХИТ НА НЕДЕЛАТА
30 дена * 24 емитувања дневно * 8 сек. спот = 200.000 денари
СПОНЗОР НА ТОЧНО ВРЕМЕ
30 дена * 20 емитувања дневно * 8 сек. спот = 200.000 денари
СПОНЗОР НА ТЕМПЕРАТУРАТА ВО ГРАДОТ
30 дена * 8 емитувања дневно * 8 сек. спот = 80.000 денари

СПОНЗОР АФОРИЗМИ И ГРАФИТИ НА ДЕНОТ
30 дена * 5 емитувања дневно * 5сек.+15 сек.=150.000 денари

За откупување рекламен простор во 2008 во вредност
над 2000 евра попуст 5%
над 6000 евра попуст 12%
над 12000 евра попуст 25%

ВАЖНО: Фалење  или оговарање на вашата фирма  по кафичи, ресторани улици, свекрви и јатрви се најскап дел од нашиот ценовник.За таа услуга ке ви  биде потребен widescreen монитор за да може да ги видите нулите за цената на нашата услуга. click here

 
 
 Copyright © 2008 radio Bubamara  | dsgn by flash.net.mk