Радио Бубамара ја остварува својата програма во 105,2 чекори.

   Како радио станица која тежнее кон Нато, пред неколку години Радио Бубамара се разоружаа од неколку компјутери и грамофони , а европската перспектива ја гледа во емисиите кој ги подготвува сега, за да ги емитува во 2020 година кога  ЕУ ќе ни ги укине визите и ќе станеме членка – кандидат за јужна европа.
   Програмата е препишана, како и се што се препишува во Македонија , од идеолошки блиските радио станици во Венецуела и Куба.

   Утрото започнува со пријатни звуци и песни кои го тераат човекот да мисли на подобро утре и светла иднина.
   Околу 8:30 на Радио Бубамара се емитува песна која на сите возачи не им дозволува да излезат од кола, а после тоа уште стотина такви – какви-такви песни.
   Потоа следува, пауза за реклами, која трае точно 60 минути, доволно време за да можете да отидете во саканата продавница и да го купите тоа што сте го слушнале на Радио Бубамара и да се фалите со вашата фискална сметка.
Во попладневните часови, Радиото се исклучува - шушти, за да може слушателите да почувствуваат како е без Бубамара. Во таа тешка депресија, кога во 19:04 повторно се вклучува Бубамара доаѓа до еуфорија, сите се среќни и започнува лудиот ноќен живот.
  После полноќ се емитуваат пораки за секс и која поза е најдобра според биометеролозите.... Преку цела ноќ се слушаат стенкања, викања и крцкање, кои репортерите на Радио Бубамара ги пренесуваат од разни делови на градот, така започнува интерактивна програма во која се вклучуваат скопските градоначалници, кои се натпреваруваат колку е посреќно населението во нивната општина т.е. кој колку наебал за свои пари.

                    Радио Бубамара е секогаш со вас... и така натаму

Песна за Пандев

 

 
 
 Copyright © 2008 radio Bubamara  | dsgn by flash.net.mk